Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: За првпат е воведена иновативна терапија против рак на дојка

0
By Нова ТВ on October 6, 2019 ВЕСТИ
Фото: zdravstvo.gov.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Да се подигне свеста кај жените за навремен преглед во насока за спасување на што повеќе животи, да се нагласи важноста на превенцијата и да се зголеми информираноста кај населението за ракот на дојка, се главните пораки испратени од 11. розова прошетка „Напред розово 2019 – Чекори против ракот на дојка“ во организација на Здружението „БОРКА – за секој нов ден“ и Амбасадата на САД во земјава.

Министерот за здавство, Венко Филипче изрази поддршка на кампања и рече дека Министерството за здравство за првпат оваа година спровело набавка на скапи цитостатици и благодарение на тоа, како што рече, на сите жени на кои им е потребна терапија по операција или без операција на карцином на дојка, сега се покриени со потребната терапија.

„За првпат е воведена и иновативна терапија за т.н. ХЕР2 карцином на дојка и таа терапија како второлиниска ја примаат 15 пациенти. Тука се и сите тестови за пристапот да биде индивидуализиран, се внимава на најсовремените терапевтски пристапи како што е тоа во најразвиените земји во светот“, рече Филипче.

Истакна дека се работи на квалитетот и на постојните мамографи и веќе од средината на минатиот месец сите се целосно сервисирани и во функција со што ќе се намали времето на чекање за потребниот преглед, а најави дека е во тек и набавка на осум нови уреди.

„Паралелно на сето тоа го започнавме и розовиот караван заедно со здружението „Борка“ за подигање на свеста и важноста за изведување на овие прегледи. Рана детекција може да значи целосно излекување и спасување животи“, рече Филипче.

Апелираше на жените да се јавуваат на поканите што ги добиваат и да ги прават редовните мамографски прегледи.

„Оваа година пациентите оперирани од рак на дојка ги добија градниците како ортопедско помагало, следната година во план е да влезе и ракавицата што значајно го зголемува квалитетот на живот и го олеснува функционирањето. Во оваа прилика сакам да го најавам целосното ослободување од партиципација за сите пациенти оперирани од малигни болести за дијагностика, не само за лекување, за она што следи за контролни прегледи по третманот, рече Филипче.

Претседателката на здружението „Борка“ Биба Додева вели дека 11-та година по ред ја организираат прошетката „Напред розово“ со цел да ја подигнат свеста кај жените за навремен преглед, за да се спасат повеќе животи, да се открие ракот во ран стадиум.

„Благодарение на Министерството за здравство годинава имаме доста промени Среќни сме што имаат отворен пристап, и ние од оваа страна пациентите се чувствуваме дека конечно дека некој ги слуша нашите потреби и работите почнаа да се менуваат. Има уште многу работи да се сменат, свесни сме сите за тоа“, вели Додева.

Додаде дека „Напред розово“ е почеток на кампањата со која се одбележува светскиот месец на борба против ракот на дојка, со што и земјава станува дел од светското семејство за борба против оваа болест.

Вели дека зголемувањето на инциденцата е тренд на секаде во светот, но она каде што има напредок е да ја менуваме статистиката на морталитет за што поуспешно преживување во борбата со ракот на дојка.

Во врска со долгото време на чекање за преглед за мамографија, вели дека уште од минатата година проблемот е детектиран.

„Министерството за здравство веднаш реагираше и од оваа година веќе се набавени нови мамографи, а кога ќе се стави функција и скрининг програмата, тој проблем ќе се надмине“, рече таа и додаде дека сега се чека од месец до два, на некои места две недели, додека оние кои се веќе оперирани имаат приоритет за мамографски преглед и тука нема поплаки од пациентите.

Првата дама Елизабета Ѓоргиевска рече дека превенцијата е од исклучително значење за оваа болест, како што е начинот на исхрана, употребата на алкохол и тутун, а важни услови за подобрување на успехот во лекувањето се рана дијагностика, самопреглед, ран ехо и мамографски преглед, како и новите методи на минимално инванзивна терапија.

Американската амбасадорка во земјава Кејт Мери Брнс рече дека целта на оваа кампања е да се подигне свеста за оваа болест како и информираноста дека раните прегледи се од исклучителна важност во борбата против ракот на дојка.

„Горда сум што американската Амбасада 11-та година по ред е во партнерство со „Борка“ во оваа кампања. Ова е исклучителна можност за да ги зголемиме средствата, да ја зголемиме свесноста, да ги охрабриме луѓето за ран скрининг и рана дијагностика за да се свесни за оваа болест, како и да ја зголемиме надежта, рече Брнс.  

Борка Венко Филипче Напред розово рак на дојка терапија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.