Published: Wednesday, May 24, 2017 11:36
Филипинскиот претседател Родриго Дутерте денеска воведе воена состојба на островот Минданао, каде безбедносните сили се борат против екстремистите поврзани со Исламска држава, изјави портпаролот на шефот на државата, Ернесто Абела.
– На целиот остров е воведена воена состојба, истакна Абела на прес-конференција.
Одлуката е соопштена во момент кога претседателот на Филипини се наоѓа во официјална посета на Москва.
Дутерте претходно изјави дека еден од приоритетите на неговата посета на Москва е набавка на руски бомби, кои би се користеле во борба против исламски екстремисти во јужниот дел на Филипините.




