Познатиот актер Младен Крстевски, кој е режисер на играниот филм “Старо купуем” вели дека е забранета премиерата на неговиот нов филм која била планирана за во библиотеката „Бели мугри“ во Велес.

Тој тврди дека зад бирократскиот лавиринт, стои политичка одлука неговиот филм да не се прикаже во Велес.

Од општината Велес соопштија:

“Младен Крстевски бараше од 24 февруари до 1 март, во шест врзани дена да ја користи салата што не беше можно, бидејќи според донесената одлука од страна на Советот на општината тоа е и единствената сала која може да се користи за одржување на трибини за време на изборните кампањи. Со него постоеа само преговори за нејзино користење, но немаше ниту одговор од наша страна на барањето, ниту пак воопшто постои договор. Ако му е важен токму тој датум, Крстевски може да ја користи и салата во велешкиот театар”.

Филмот “Старо купуем” во Скопје ќе ја има својата премиера на 23 февруари во Домот на АРМ.