Турски државјанин, директор на поликлиника во Приштина, синоќа во полициската станица во Ѓаковица пријавил дека на автопатот Приштина-Албанија, го ограбиле две лица, соопшти косовската полиција.
Две лица на возраст од 30 и 35 години, во Малишево го сопреле автомобилот со албански регистарски ознаки со кој управувал турскиот државјанин и се претставиле како полицајци.
Лажните полицајци го прегледале автомобилот и ја зеле торбата во која имало околу 50.000 евра, а која се наоѓала под седиштето, телефон и сообраќајната дозвола. Како што соопшти полицијата, турскиот државјанин забележал дека ограбувачите на појасите имале пиштоли, но не ги употребиле.
По грабежот, двајцата мажи заминале со автомобил бо насока на Призрен.