Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филмскиот циклус „Мимица и Бауер“ во Кинотека на Македонија

0
By on May 14, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 14, 2013 13:01

Со седум филмови во режија на хрватските режисери Бранко Бауер и Ватрослав Мимица, Хрватската кинотека од 15 мај до 21 мај ќе гостува во Кинотека на Македонија.

Причина за посетата на хрватските филмови на македонското платно е реставрацијата на македонските филмови „Македонски дел од пеколот“ снимен 1971 и „Три Ани“ од 1959, во режија на реномираните хрватски режисери Мимица и Бауер, кои имаат третман на филмско наследство и во двете држави.

Циклусот ќе го отвори „Македонски дел од пеколот“ утревечер со почеток во 20 часот, а ден потоа ќе се прикаже „Хранетиот“, исто така во режија на Мимица. Од овој режисер ќе се прикажат и „Каја, ќе те убијам!“ од 1967 и „Прометеј од островот Вишевица“ од 1964, додека Бауер е застапен уште и со „Лице во лице“ снимен 1963 и „Не свртувај се сине“ од 1956 година.

„Македонски дел од пеколот“, „Хранетиот“ и „Каја, ќе те убијам!“ наративно се однесуваат на ист временски период, Втората светска војна, иако основните мотиви, разработката, како и крајната порака им се различни.

„Ќе забележите дека актерскиот состав на речиси сите филмови е од мешан тип, односно дека присутни се имиња од сите простори на поранешна Југославија, а истото важи и за составот на филмските екипи што било сосема нормално, очекувано и поттикнувано во времето на југословенските копродукции, соработки и размени“, велат од Кинотека.

Еден ден подоцна, циклусот „Мимица Бауер“ ќе биде прикажан и во Центарот за култура во Битола. Гости на Кинотеката на Македонија ќе бидат директорот на Кинотеката на Хрватска, Кармен Лотка и филмолозите Младен Буриќ и Луција Зоре, кои ќе зборуваат за овие големи авторски имиња кои оставиле длабоки траги и во македонската кинематографија.

По проекциите на филмовите на Мимица и Бауер во Скопје и во Битола, следува претставување на македонската кинематографија во Загреб и во Сплит во септември.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 31, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

ВЕСТИ May 31, 2026

Израелските воени сили ја презедоа контролата врз стратешки важната планина на југот на Либан, каде…

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

May 28, 2026

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.