Електорите кои денеска треба и официјално да го потврдат изборот на Доналд Трамп за претседател на САД тврдат дека примиле голем број вознемирувачки телефоински повици и мејлови полни со омраза, а некои велат дека добиле и смртни закани.
Американскиот портал Политико пишува дека до моментот на гласање тие се „под опсада“.
Сајтот наведува дека 538 електори кои треба да го потврдат резултатите на претседателските избори во САД, како никогаш досега во американската историја се наоѓаат во прв план на националната политичка сцена.
Еден од електорите од Тексас изјавил дека бил „бомбардиран“ со над 200.000 мејлови.
Се наведува дека многу приврзаници на Демократската партија очајнички се обидуваат да го блокираат „речиси извесниот“ влез на Трамп во Белата куќа. Покренати се и кампањи против електорите и нивната улога е предмет на напади во колумни во весниците.
Американскиот сајт потсетува дека еден од демократските конгресмени побарал одложување на електорското гласање додека трае истрагата за наводно руско мешање во претседателските избори во САД, додека други двајца конгресмени бараат електорите да размислат за улогата на Русија во овој процес, пред да го дадат својот глас.
Исто така објавувани се и лични податоци на многумина од електорите поради што се затрупани со стотици мејлови.
Најтешкиот притисок наводно е врз 306 републикански електори, кои тврдат дека примале и по стотици илјади мејлови дневно од противници на изборот на Трамп.
Други пак велат дека трпат притисоци од републикански функционери и од претставници на кампањата на Трамп за да бидат сигурни дека електорите ќе останат лојални на партијата. Републиканскиот сенатор од Тексас Александар Јим вели дека добил најмалку 30 такви повици, а тврди дека еден инсајдер ид Републиканскиот национален комитет во рок од еден час му се јавил три пати.
Ким смета дека на денешната седница електори же го изгласаат Трамп и ништо нема да се промени, освен доколку „Трамп не направи нешто што би го нарушило заедништвото кое го создал со американските граѓани“.




