Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Финансиска поддршка од ФИТР за развој на дигитализацијата на земјоделството

0
By Biljana on June 15, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 15, 2021 09:52

Вкупно четири компании се добитници на финансиска поддршка во рамки на првиот „Предизвик за дигитализација на земјоделство” што го спроведува Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), во соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ). Проектот е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Четирите стартап компании кои со своите решенија ќе работат на трансформација на земјоделскиот сектор и ќе придонесат кон поефикасно и поодржливо земјоделство се скопската компанија „8ТЕК“, со проектот „FIELLDTEQ – дигитална земјоделска мултијазична платформа и мобилна апликација”, потоа „АгФутура Технологии“ со проектот „Центар за дигитално земјоделство”, 2Агродидаем Технологија“ – Битола со проектот „Агромилк Д21- Контролер за резервоари за млеко” и „Дрон Опс“ од Штип со проектот „Конструкција на дрон за набљудување, мерење и аналитика“.

Директорот на ФИТР Коста Петров вели дека овие домашни стартапи понудиле иновативни решенија чија имплементација директно ќе се рефлектира врз продуктивноста, попрецизното земјоделство и автоматски врз зголемувањето на приходите на земјоделците.

Според директорот на ФИТР, глобалните трендови покажуваат дека технологиите се клучни во развојот на земјоделството и затоа ќе се продолжи со инвестирање на тоа поле и во иднина.

„Во изминатите месеци континуирано работиме на креирање на ново протфолио, со инвестиции кои се потесно насочени кон одредени сектори кои се од од голема важност за развој на македонската економија. Програмите кои ги креираме во Фондот, од повик до повик покажуваат дека сме на добар пат да го трансформираме македонскиот стартап еко систем“, рече Петров.

Вкупниот буџетот за финансирање на четирите избрани решенија изнесува 6 милиони денари.

За поединечен предлог проект, ФИТР обезбедува финансирање до 90 отсто од вкупниот буџет, во максимален износ од 1,5 милиони денари. Апликантот треба да обезбеди минимум 10 отсто од вкупниот буџет на проектот, а рокот за реализација на проектите е 12 месеци.

Поддржаните компании ќе добијат и менторска поддршка и поддршка во комерцијализација на иновациите од страна на Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ).

На предизвикот кој беше отворен од 16 март до 16 април оваа година се пријавија вкупно 38 компании.

старт ап комапнии ФИТР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 26, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

ВЕСТИ April 26, 2026

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец…

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.