Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Финансиска поддршка за покривање на дел од сметките за струја побарале 6.500 граѓани

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 10, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Има голем интерес кај граѓаните за користење на мерката за финансиска поддршка за покривање на дел од сметките за електрична енергија за домаќинствата со ниски примања. Бројот на пристигнати барања во архивата на Министерството за економија, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 6.500, а согласно предвидените буџетски средства за оваа намена која изнесува 60.000 денари, со финансиска поддршка можат да се стекнат околу 7.000 домаќинства, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој рече дека очекува денеска и утре до архивата на Министерството за економија да пристигнат уште околу 200 барања од барателите, кои заклучно со вчерашниот ден, преку пошта ги испратиле своите апликации. Бектеши заклучи дека мерката, најавена со кризната состојба со електричната енергија, е успешна реализирана.

– За спроведување на активностите за финансиска поддршка на лица со ниски примања, во рамките на Министерството, формирани се пет комисии, кои активно ќе работат до крајот на февруари и ќе биде изготвена финалната листа на баратели кои ќе се стекнат со финансиска поддршка од оваа мерка, рече Бектеши.

Тој истакна дека финансиска поддршка ќе добијат лица со најниски примања во домаќинство во 2021 година, во соодветната категорија, која беше во склоп на Јавниот повик.

– Дополнително, на ова би сакал уште еднаш да го кажам тоа што како Влада и како Министерство за економија заедно со МТСП го изготвивме кон крајот на претходната година се со цел да важи за целата 2022 година. Согласно новиот буџет, над 36 илјади домаќинства во Северна Македонија ќе добијат по илјада денари за да ги покриваат сметките за енергенси и тоа се дополнува со шест месеци откако почна пандемијата. Оваа мерка ја добиваат сите приматели на гарантирана државна помош и дополнително на 9.500 пензионери со ниски приходи и ако се додадат уште седум илјади домаќинства со ниски приходи, значи над 55 илјади домаќинства во нашата држава во текот на 2022 година ќе добијат директна помош за покривање на дел од фактурите за електрична енергија или за енергенси во нашата држава, рече Бектеши.

Тој истакна дека со ова Владата покажува дека се грижи за најранливите категории на граѓани. Комисиите, до крајот на февруари, ќе ги разгледаат сите барања поднесени од граѓаните.

– И секако, и за јануари и февруари, иако решенијата ќе се донесат на почетокот на март, ќе бидат покриени фактурите за електрична енергија во износ од 600 и 800 денари кои се даваат од страна на Министерството за економија, рече Бектеши.

За можноста да се одложи плаќањето на сметките за струја, министерот рече дека тие договори се билатерални кои ги прават потрошувачите со ЕВН или пак со други трговци со електрична енергија.

– Најважно е дека ние направивме големи напори за сметките посебно за домаќинствата и малите потрошувачи да не бидат поголеми од 9,5 отсто и секако реализираме вакви мерки преку МТСП и преку Министерството за економија за да им олесниме на тие граѓани кои имаат ниски приходи додека трае кризната состојба, рече Бектеши, кој потенцира дека иако кризната состојба со одлука на Собранието ќе трае до јуни, Владата испланирала средства за целата година, со кои ќе бидат помогнати околу 55 илјади домаќинства со ниски приходи.

Тој посочи дека Владата вбризга шест милиони евра во ЕСМ за да управува со дистрибутивната мрежа, со снабдувањето и производство на топлинска енергија и нема дополнително барање од страна на ЕСМ.

Министерот, повикувајќи се на информациите кои Владата ги добива од ЕСМ, рече дека многу малку се увезува електрична енергија и ги демантираше изјавите дека државата увезува струја од Србија.

– Ние сме поврзани со Хупекс берзата и никогаш не сме увезувале од Србија, а да не зборувам за цени од 450 евра и слично. Треба да направиме споредба дека токму Србија има два до три пати поголеми производствени капацитети од нашата држава а цената за домаќинствата и за малите потрошувачи речиси ја имаме истата и ако земеме предвид колку сме увезле ние во текот на кризната состојба и колку произвеле другите држави таму ќе видиме дека нашата држава повеќе произведува од домашните капацитети. Не само од капацитетите што се во сопственост на ЕСМ, туку и преку одлука на Министерството за економија сме ги ставиле во функција и капацитетите на приватните компании како што е ТЕ-ТО се со цел да работи со пониски цени од берзанските цени. Ако берзанските цени се 240 евра ТЕ-ТО продава електрична енергија за потребите на ЕСМ со минус 15 евра, вели Бектеши.

Тој информира дека цената на ТЕ-ТО за јануари била 170 евра, за февруари ќе биде 190 евра.

– Лесно може да се направи калкулација дека ние моментално штедиме над 50 евра по мегават откога сме ги ставиле приватните капацитети во наша функција, вели Бектеши.

Министерот за економија извести дека веќе се одобрени уште дополнителни 50 милиони евра од Владата за ЕСМ да може да произведува поголеми количини на електрична енергија.

Прашан за замрзнувањето на цените на одредени производи, министерот посочи дека се разгледува можноста мерката за замрзнување на цените за основните производи да биде продолжена и да нема ценовни шокови во делот на прехранбените производи.

– Една од опциите е да се стават маржи во делот на увозот на прехранбени производи и во делот на трговија со мало и со големо за да нема само замрзнување, рече Бектеши

Крешник Бектеши сметките за струја Финансиска поддршка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.