Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против екс-претседателот на ДИК Оливер Деркоски

0
By Соња Крамарска on April 6, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против претседателот на Државната изборна комисија во период од јули 2018 година до јануари 2021 година, и против претседателот и двајца членови на комисија за јавни набавки на ДИК во 2019 година, поради злоупотреба на службена положба и фаворизирање на компании на тендери за јавни набавки. Во наведениот период претседател на ДИК беше Оливер Деркоски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

На Деркоски му се става на товар што како претседател на ДИК без да објави јавен оглас и без да спроведе јавна набавка, извршил набавка за снабдување со електрична енергија, услуги за одржување на хигиена и писмоносни услуги во внатрешен сообраќај и склучил договори со три економски оператори, на кој начин им овозможил вкупна корист од 2.8 милиони денари. Деркоски, како што велат од Управата за финансиска полиција склучил и анекс на договор за дополнителни количини на паравани за гласање, наменети за спроведување на вториот круг на гласањето за претседателски избори 2019 и предвремените избори за градоначалници на општините Охрид, Ново Село и Дебар, со вкупна вредност од 771.600,00 денари без да спроведе постапка за јавна набавка и без предходно да утврди дали има реална потреба за тоа, со што како што се тврди му овозможил на економскиот оператор да стекне добивка од 771.600,00 денари.

Понатаму се додава и дека Деркоски заедно со претседателот на комисијата за јавни набавки што тогаш ја формирале за надградба на постојните софтверски решенија во ДИК како и двајца членови на комисијата, донеле одлука за јавна набавка и ја одобриле тендерската документација за набавка на нови и надградба на постојните софтверски решенија но со игри ги дискриминирале можните пријавени економски оператори овозможувајќи и само на една фирма да го добие тендерот за што имала добивка од 5 милиони денари.

Со таквиот начин на работа неколку фирми стекнале добивка од 8,6 милиони денари, соопштува финансиската полиција.

 

 

Дик Кривична пријава Оливер Дерковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.