Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Финска ќе одлучи дали ќе се приклучи на НАТО во рок од неколку недели

0
By Соња Крамарска on April 4, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Финска може да донесе одлука дали да се приклучи на НАТО за само неколку недели а одлуката е можна „во текот на оваа пролет“. Одлуката ќе се забрза по сцените од воените злосторства од Украина, кои вчера го обиколија светот. Земјата може да се приклучи на трансатлантскиот воен сојуз и покрај предупредувањата за одмазда и „воените и политичките последици“ од Кремљ.

Премиерката Сана Марин рече дека „и приклучувањето кон НАТО и неприклучувањето се избори што имаат последици“. „Треба да ги процениме и краткорочните и долгорочните ефекти. Во исто време, мора да ја имаме на ум нашата цел: обезбедување на безбедноста на Финска и Финците во сите ситуации“, рече премиерката Марин.

Марин додаде дека односите на Финска со соседна Русија се промениле неповратно по нападот врз Украина и „потребно е многу време и работа за да се врати довербата“.

Финска дели 1.340 километри граница со Русија, најдолга од која било членка на Европската унија. Земјата остана воено неврзана од крајот на Студената војна поради страв да не ја испровоцира Москва.

Викендов, министерот за надворешни работи на Финска, Пека Хависто, рече дека руските дејствија во Украина „целосно го сменија безбедносниот пејзаж во Финска“. Тој изјави за „Кјодо њуз“ дека Финска мора да биде подготвена за „понегативни воени сценарија“.

Ова доаѓа и покрај навестувањата за одмазда од Москва доколку земјата влезе во НАТО. Минатиот месец руски политичар предупреди на „сериозни воени и политички последици“ доколку Финска и Шведска се приклучат на Алијансата.

НАТО Сана Марин Финска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.