Published: Sunday, December 6, 2015 14:18
Владата на Финска разработува нацрт-план според кој на секој жител на државата ќе му доделува по 800 евра месечно.
Според анкетата спроведена од Финскиот институт за социјално осигурување, речиси 70 отсто го поддржуваат планот според кој бенефициите ќе се распоредуваат меѓу граѓаните.
Доколку се усвои планот, секој Финец ќе добива 800 евра секој месец, без да плаќа данок за нив, а Владата ваквиот проект би ја чинел околу 52.2 милијарди евра годишно.
Конечна одлука за плановите, односно дали е одржлив проектот, ќе се носи во ноември 2016 година.
Сличен пробен проект следната година ќе биде имплементиран во Утрехт, Холандија.




