Фудбалските клубови Фиорентина и Каљари же го пензионираат дресот со бројката на Давиде Астори, кој неодамна почина на 31 година.

Двата клуба одлучија да ја повлечат 13-та во чест на Астори.

Астори почина во неделата наутро во хотел во Удине каде фудбалерите на Фиорентина беа во карантин во пресрет на гостувањето кај Удинезе.

Во чест на својот капитен, Фиорентина објави дека го повлекува дресот со бројот 13, брзо потоа стигна информацијата дека и Каљари го пензионира бројот.

Астори осум сезони беше играч на Каљари, од нив две помина на позајмица, еднаш во Рома, еднаш во Фиорентина каде потоа и остана.

За репрезентацијата на Италија има одиграно 14 натпревари.