Европската унија ќе направи Брегзит за Велика Британија да биде „болен“, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо додавајќи дека Лондон блефира со својата преговарачка моќ во разговорите за излез од ЕУ.
– ЕУ ќе ја искористи оваа прилика на јавноста да и покаже: Сега ќе видите зошто е важно да остаете во ЕУ. И тоа ќе биде став, изјави Фицо во интервју за Фајненшел Тајмс.
Словачка во моментов е на чело на ротирачкото претседателство со ЕУ.
Британската премиерка Тереза Меј често истакнува дека Велика Британија „ќе направи успех од Брегзит“, но се уште треба да одлучи дали ќе настојува да го задржи пристапот до единствениот ЕУ пазар или на обемот на контролата на миграцијата, објавува Ројтерс.
– Тие блефираат, вели Фицо и додава: „Иако се петта економија по големина во светот, јас го разбирам нивното финансиско значење – тоа и натаму ќе биде многу болно за Обединетото Кралство“.
Лидерите на Еу во петокот одржаа состанок во Братислава без Велика Британија. Таму се согласија дека треба да изградат нова визија во рок од шест месеци за да ја вратат довербата и единството во Унијата.




