Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Флоранс Робин: Потребно е да се создаде можност за помирување меѓу Бугарија и Северна Македонија

0
By НОВА ТВ Balaban on December 19, 2021 НАСЛОВНА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 19, 2021 09:21

Балканот имаше многу важна улога во судбината на Европа и затоа претседателот Макрон е убеден дека Европа треба да преземе поголем ангажман на Балканот, како на политички, така и на економски план.Треба да се направат напори за инвестиции, за развој на инфраструктурата, за повеќе солидарност, истакна Робин.

Француската амбасадорка во Бугарија, Флоранс Робин во гостувањето на емисијата „Светот и ние“ на бугарската национална телевизија, изјави дека е свесна оти меѓу Софија и Скопје постои спор, но најважното за неа е потребата да се создаде можност за помирување меѓу двете земји.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Робин истакна дека не станува збор за давање зелено светло за влез на Република Северна Македонија во Европската Унија, туку за почеток на преговори, кои ќе потраат повеќе години.

Таа говореше за приоритетите на Франција во текот на престојното претседателство, кое почнува од 1 јануари 2022 година, а меѓу нив се и да се преземат чекори да се отворат позитивни патишта за Република Северна Македонија, а не да се случи ситуација, во која земјата би се дестабилизирала. Освен тоа, додаде таа, Бугарија, која е членка на ЕУ, може да постапи на начин со кој ќе помогне.

Француската амбасадорка изјави дека истовремено треба да бидат заштитени законските интереси на Бугарија.

Робин нагласи дека Балканот е во срцето на Европа. – Тоа  е факт како од географска гледа точка, така и од историска. Балканот имаше многу важна улога во судбината на Европа и затоа претседателот Макрон е убеден дека Европа треба да преземе поголем ангажман на Балканот, како на политички, така и на економски план.Треба да се направат напори за инвестиции, за развој на инфраструктурата, за повеќе солидарност, истакна Робин.

Од политичка гледа точка според Робин  потребно е да се даде на знаење каква е политичката перспектива на Балканот.

Во однос на Шенген зоната, Робин изјави дека Европската комисија со години говори дека Бугарија ги исполнила сите услови за приклучување, но напомена дека Франција смета оти ситуацијата е комплексна и тука не може да се говори само за Бугарија, поради тоа што миграцијата се користи како елемент на хибридна војна, особено каков што е случајот со Белорусија, која се наоѓа на надворешните граници на ЕУ.

Според Франција шенгескиот простор треба да биде реформиран и министрите за внатрешни работи на земјите-членки да имаат можност да преземаат политички одлуки за тоа кога надворешните граници треба да бидат отворени, а кога затворени, како што тоа го прават за внатрешните граници на државите.

емисијата „Светот и ние“ Софија и Скопје Флоранс Робин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.