Две лица се убиени, а најмалку девет се повредени во оружен напад што се случи на турнирот во видео игри во Џексонвил, во американската сојузна држава Флорида. Полицијата потврди дека осомничениот за нападот се самоубил.
Дел од американските медиуми објавија дека убиецот е 24-годишниот Дејвид Кац од Балтимор, кој учествувал на турнирот.
Кац дошол во Џексонвил за турнирот. Во меѓувреме купил пиштол со кој ги убил учесниците за време на траењето на турнирот. На самото место повредил 9 и уште двајца додека бегале.

Турнирот во видео игри „Madden NFL 2019“ беше пренесуван во живо преку интернет. Победниците требало да заминат на турнир во Лас Вегас.
Кац и претходно учествувал на вакви турнири, каде секогаш нагласувал дека „е еден од најдобрите“. Тој бил победник на овој турнир во 2017 година.
Во Флорида изминативе години се регистрирани голем број вакви инциденти со жртви. Последниот беше на почетокот на годината во средното улилиште Марџори Сонмен Даглас во Паркленд, минатата година на аеродромот Форт Лодердејл беа затсрелани петмина, а во 2016 година во ноќниот клуб Пулс во Орландо беа убиени 49 лица.
-Масакрот во Џексонвил е трагичен потсетник на заканите со кои се соочуваме од вооруженото насилство, независно кои сме и каде сме, изјави поранешната конгресменка Габриел Гифордс, која и самата беше повредена во таков инцидент. Во САД подолго време се бара заострување на либералните закони во однос на тој кој може да купи оружје.




