НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фон дер Лајен од Глобсек: Земјите од Западен Балкан уште денес треба да ги исползуваат придобивките од членството во ЕУ

0
By Ана Василевска on May 31, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На безбедносниот Форум Глобсек што се одржува во Братислава, во пред малку излагање имаше шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен која ја презентираше новата иницијатива за раст на земјите од Западен Балкан.

„Денеска сакам да презентирам нова иницијатива, тоа е нов план за раст на Западен Балкан. Сакаме уште денес да им донесеме дел од придобивките од членството во ЕУ на луѓето од Западен Балкан. Планот за раст што го предлагаме денес е изграден на четири столба. Прво, за приближување на Западен Балкан до единствениот пазар на ЕУ. Второ, длабока и регионална економска интеграција. Трето, да се разјаснат фундаменталните реформи и четврто да се зголемат претпристапните средства. До одреден степен, ова е нов пристап за Европската унија: ние не бараме само од нашите партнери да преземат нови чекори кон нас, туку и ние правиме голем чекор кон нив. Нашата заедничка цел е да го забрзаме нивното патување кон ЕУ. И затоа ја приближуваме нашата Унија до Западен Балкан. “, истакна Фон дер Лајен.

Таа детално ги претстави овие ќетири точки:

„За сите земји кои се приклучија на ЕУ во последните две децении, пристапот до единствениот пазар беше главниот двигател на економскиот раст. Но, земјите кои веќе цврсто одат на патот кон ЕУ, исто така, треба да имаат корист од нашиот единствен пазар. На пример, Западен Балкан може да се приклучи на нашиот единствен дигитален пазар во области како што се е-трговија или сајбер безбедност. Би можеле да ја олесниме нашата трговија со стоки и плаќања. Сакам нашиот единствен пазар да биде двигател на промени, не само за земјите кои веќе се приклучија на семејството, туку и за оние кои сè уште се на пат.“, потенцираше Фон дер Лајен.

Според неа, оваа поблиска поврзаност со единствениот пазар треба да оди рака под рака со заеднички регионален пазар.

„Заедничкиот регионален пазар е од клучно значење за отклучување на економскиот потенцијал на регионот. Од клучно значење е Западен Балкан да се направи поатрактивно место за европските инвеститори. И, доколку се заснова на правилата и стандардите на ЕУ, овој заеднички регионален пазар може да помогне и за забрзување на пристапувањето во нашата Унија. Сакаме однапред да му понудиме на Западен Балкан некои од предностите на членството. Но, тоа значи дека одредени барања за членство исто така треба однапред да се исполнат. Некои од реформите кои се дел од процесот на пристапување се клучни за довербата на инвеститорите. Размислете за градење независно и ефикасно судство, обезбедување здрави јавни набавки и засилување на борбата против корупцијата. Или размислете за енергетскиот пазар. Регионот на Западен Балкан има огромен потенцијал да се диверзифицира од руските фосилни горива. Но, треба да ја зголеми енергетската ефикасност, да ја засили диверзификацијата и да го забрза распоредувањето на повеќе обновливи извори. Западен Балкан може да ги постигне и двете: енергетска независност од Русија и поблиско усогласување со Европската унија за да го забрза пристапот.“, рече ѓефицата на европската дипломатија во обраќањето за Западен Балкан.

И нејзината последна поента: „Ние сме подготвени да го поддржиме Западен Балкан со зголемено претпристапно финансирање. Постои огромна потреба од инвестиции во Западен Балкан. Овие инвестиции ќе го подобрат животот на луѓето. И тие исто така ќе го олеснат патот кон нашата Унија. Поради оваа причина, треба да ги зголемиме ресурсите посветени на Западен Балкан“.

На Форумот, учествуваат шефови на држави и влади од Европа и светот, како и претставници на најзначајните и највлијателни меѓународни организации. Во фокус на дискусиите на претстојниот Форум се три теми – натамошната поддршка за Украина, отпорноста на Европа наспроти војната, како и ублажувањето на глобалните последици од конфликтот преку зајакнување на економските и енергетските врски.

Безбедносниот форум Глобсек е етаблиран како најистакната платформа низ регионот на Централна и Источна Европа (ЦИЕ). Овогодишното, 18-то издание на Форумот, има за цел да потсети светот дека овој регион никогаш не бил поклучен во обезбедување на глобалната стабилност.

А. Василевска

Глобсек форум ЕУ- Западен Балкан Урсула Вон дер Лајен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.