Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фондацијата “Славко Јаневски” непријатно изненадена од затворање на читалните

0
By Нова ТВ on December 29, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 29, 2018 19:15

Општина Центар ги затвори читалните „Славко Јаневски“ и „Ацо Шопов“ со фонд од околу 3.000 донирани книги затоа што нема предвидено пари за таа намена во буџетот за 2019 година.

На оваа вест реагираше Фондацијата “Славко Јаневски”. Извршниот директор на Фондацијата Sвездан Георгиевски изјави дека е “најблаго речено, непријатно изненаден од ненадејната вест за одлуката на Општина Центар за затворање на двете нејзини читалници, особено за одлуката за затворање на читалницата „Славко Јаневски“.”

“Напоменуваме дека ниту во еден момент не бевме консултирани при донесувањето на оваа одлука ниту пак бевме во можност да понудиме евентуални решенија за да може да се ублажи евидентната штета што оваа одлука неминовно ја носи со себе. Ова го велиме затоа што читалницата „Славко Јаневски“ поседува квалитетен книжен фонд (а тука се наоѓаат и мошне вредни книги), скулптури и уметнички дела. Најголемиот дел од книжниот фонд и уметничките дела се приватни донации и подароци, меѓу кои најзначајна е донацијата на семејството на Славко Јаневски. Со одлуката за затворање на читалницата останува нејасна судбината на сите овие донации и вредни дела. За жал, немаме информација како ќе се постапува со нив, каде ќе завршат и дали донаторите ќе се сложат со новите ршенија. Без оглед на реакциите на јавноста и нашите обиди, надлежните од Општината сѐ уште не немаат контактирано во обид да пронајдеме заедничко решение. Сепак сме во надеж дека заеднички ќе дојдеме до соодветно издржано решение, со кое ќе се минимализира штетата настаната од оваа ситуација”, стои во соопштението на Фондацијата.

Читалните беа отворени во 2015-та, а зачленувањето, како и задолжувањето со книги беше бесплатно. Станува збор за две читални кои имаат околу 1.000 членови-читатели. „Славко Јаневски“ се наоѓа на булеварот „Димитрие Чуповски“ додека „Ацо Шопов“ е во трговскиот центар „Беверли хилс“ во Капиштец.

Градоначалникот на Општина Центар на својот Фејсбук профил денес демантираше дека овие читални ќе бидат затворени иако претходно Општина Центар потврди дека нема доволно пари за овие читални.

“Би сакал да ги демантирам написите во одредени медиуми дека читалните кои се наоѓаат на територија на Општина Центар ќе бидат затворени. Имено, поради високите кирии кои општината ги плаќа за читалните, станува збор за преместување на дел од читалните на други локации, а дел ќе останат на истите локации каде што се наоѓаат и денес. Општина Центар ја поддржува кулутурата, културниот развиток и читањето книги како основни општествени елементи на една личност и со својата поддршка и понатаму ќе продолжи со истата динамика на стимулирање на културен и научен развој”, напиша Богдановиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.