Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фондацијата “Трајче Мукаетов“доделува 40 нови стипендии

0
By Нова ТВ on October 30, 2018 ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 30, 2018 14:35

Вкупно 40 нови стипендии на 12 студенти од Фармацевтскиот и 28 од Медицинскиот факултет при УКИМ доделува Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

Фондацијата додели и парична награда во вредност од 1200 евра на двајца првенци на генерациите,  тоа се Филип Илиевски од Фармацевтскиот факултет со просек 9,78 и Марија Тодоровска од Медицинскиот факултет со просек 9,83 кои се и досегашни стипендисти на Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

И оваа,  11 година по ред доделувањето на стипендиите е усвоено од Управниот одбор на Фондацијата, по предложена прелиминарна листа од Комисиите за распределба на стипендии.

„Во насока на исполнувањето на начелата за општествена одговорност, работењето на Фондацијата за компанијата „Алкалоид“ и за мене лично, претставува особена гордост. Стимулирањето и наградувањето на младите таленти се надевам дека ќе биде мотив повеќе за испорачување на уште подобри резултати и уште повисоки идни дострели во областа на македонското здравство и фармација. Како компанија, особено сме горди што во изминативе 11 години имаме вложено над 1,35 милиони евра во стипендирање идни лекари и фармацевти. За 9 години дониравме над 24.000 евра за награди на првенците на генерациите на Медицинскиот и Фармацевтскиот Факултет при УКИМ, а преку хуманитарните настани организирани под закрила на Фондацијата во изминативе 8 години дониравме  околу 115.000 евра“  изјави  Живко Мукаетов, Претседател на фондацијата „Трајче Мукаетов“ и генерален директор на компанијата „Алкалоид АД Скопје“.

Ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски нагалси дека дека двете образовни институциии, Медицинскиот и Фармацевсткиот факултет со децении соработуваат со компанијата Алкалоид.

„Со голема почит кон Трајче Мукаетов кој имаше чувство да ги открие младите таленти, наградените кандидати се стимулурани за нивно усовршување и сето ова придонесува за подобaр квалитет на кадрите кои излегуваат од нашите факултети. А, добро едуцирани кадри се предуслов за добар здравствен систем“, нагласи Ректорот Јанкуловски.

Деканката на Фармацевствиот факултет Светлана Кулеванова рече дека е престиж да се биде стипендист на Фондацијата Трајче Мукаетов.

„Стипендирањето влијае на квалитетот на кадрите и се надеваме дека и понатаму ќе продолжи оваа соработка“, изјави Кулеванова.

За значењето на степендирањето на студентите по медицина, деканката на Медицинскиот факултет рече:

„Ова е стимулација за студентите од кои голем дел ќе имаат можност да се вработат во „Алкалоид“, изјави Соња Топузовска, деканка на Медицински факутет.

Почнувајќи од учебната 2007/08 година, Фондацијата стипендира/ше вкупно 458 студенти по фармација и медицина, вклучувајќи ги и новите 40 во учебната 2018/2019. Од нив, 185 студенти по фармација и 160 по медицина се веке дипломирани. Доколку ги исполнат предвидените услови, на стипендистите им  продолжуваат стипендиите и во текот на наредната учебна година.

Од 2009 година до денес, својата кариера во „Алкалоид“, во одделите на сегментот Фармација ја започнале 69 од стипендираните студенти на Фондацијата и тоа 64 студенти од Фармацевтскиот факултет и 5 студенти од Медицинскиот факултет.

Стипендијата изнесува 6.500 денари во текот на 12 месеци. Имињата на стипендистите ќе бидат објавени  во печатените медиуми, а Извршната канцеларија на Фондацијата ќе ги контактира за потпишување договори за стипендирање.

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ е основана со одлука на Управниот одбор на „Алкалоид АД“ Скопје во мај 2007 година. Фондацијата има за цел стипендирање, донирање и финансирање талентирани доктори и фармацевти, како и финансиска поддршка на проекти од овие две области. Досегашните проекти претставуваат доказ за остварување на заложбите на Фондацијата за поддршка на фармацијата, медицината и науката, пред сѐпреку поддржување на млади, амбициозни кадри кои својата кариера ја посветиле на овие дејности.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.