Нов проект на Ненад Стефановски- Брус

По ЕП-изданието „Sun is Gone”, со кое ја почестија публиката, минатото лето и новогодишниот сингл „Laika“, членовите на скопскиот алтернативен состав „Foolish Green“ се подготвуваат за својот прв лонг-плеј албум, наречен „Escape“, кој ќе излезе на почетокот на март за издавачката куќа „Пасворд“.

Во биографијата на групата стои дека „Музиката и тимот на „Foolish Green“ израснале врз основа на интуитивно-спонтано-емпиристичкото внатрешно чувство проследено со акустични инструменти со неколку доверливи аналогни ефекти и еден недоверлив компјутер.

„Foolish Green“ е проект зад кој стои Ненад Стефановски Брус, алтернативен музичар од Скопје, познат по својата работа како продуцент на „Green Out“, „Легијата“, „Против сите“ и др.

Еве едно видеo од талентираниот бенд, кој е, можеби, новата надеж на македонската музичка сцена.