Доминација на болидите на Ферари во официјалните квалификации за пол-позицијата за утрешната трка за ГН на Русија. Од првиот ред на патеката во Сочи ќе тргнат Себастијан Фетел, лидер во генералниот пласман по три трки, и Кими Раиконен. Германецот попладнево го извозе најбрзиот круг со време 1:33,194 минути, а неговиот тимски колега од Финска беше побавен за само 0,059 секунди.
Зад нив се смести двоецот на Мерцедес, Валтери Ботас и Луис Хамилтон. Петти резултат забележа Макс Ферстапен и покрај дефектот на неговиот болид на 20. минути пред крај на тренингот.
Трката за ГН на Русија е утре попладне со почеток во 14 часот.