Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Формула 1: Кикс на Хамилтон, радост за Фетел во Бахреин

0
By Нова ТВ on April 16, 2017 СПОРТ
Фото: formula1.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Себастијан Фетел го презеде врвот во генералниот пласман во Формула 1 шампионатот по третата трка во сезоната. Германецот беше најбрз попладнево за ГН на Бахреин за втора негова победа во 2017 година. Времето што притоа го оствари беше 1:33:53 часа оставајќи ги зад себе двата пилота на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон (+6.660 сек.) и Финецот Валтери Ботас (+20,397 сек.) кој стартуваше од пол-позицијата на патеката „Сакир“.

Четвртото место го освои клупскиот колега на Фетел, Кими Раиконен, а меѓу првите десет се сместија уште Рикардо, Маса, Перез, Грожан, Хулкенберг и Окон.

Колоната болиди во Бахреин ја поведе Ботас. Финецот почна добро и на првиот свиок го одби нападот на Фетел кој, пак, во меѓувреме, го престигна Хамилтон. Германскиот пилот набрзо, сепак, успеа до врвот. Го посети боксот, смени пневматици, а како „кец на десетка“ му дојде излезот на сигурносното возило на патеката по колизијата на Карлос Сајнц и Ленс Строл во 14 круг.

Фото: formula1.com

На сето тоа влијаеше и кикс на Хамилтон што на крајот, можеби, го чинеше и триумф. При влегување во бокс, Британецот непотребно направи опструкција на Рикардо, го забави австралискиот колега, за што беше казнет со пет секунди.

Кон средина на трката, Мерцедес го повлече и Ботас во боксот, механичарите го променија сетот пневматици на неговиот болид со што Финецот доби на брзина. Следуваше идентичен одговор и од Ферари со Фетел. Тоа го искористи Хамилтон и изби на првото место. Фетел се врати на патеката меѓу двата болида на Мерцедес со временско заостанување од 16 секунди, односно, 11 поради споменатата казна на Британецот.

Фото: formula1.com

Мерцедес не сакаше да ризикува и да го остави Хамилтон да вози со истрошени гуми на 20 круга до крај на трката. Го повика во бокс во 41 круг и на враќање на „одлежа“ времената казна од пет секунди. Во сообраќај се врати како трет со 18 секунди зад Фетел и девет зад Ботас. Со секој изминат круг „грицкаше“ по половина секунда од предноста на лидерот, но прилика за закана не дочека, па Германецот без проблеми мина како прво низ целната линија по 44. пат во неговата кариера.

Наредната трка во Ф1 шампионатот е на 30 април на автодромот во Сочи за ГН на Русија.

Резултати од трката за ГН на Бахреин

Себастијан Фетел (Ферари/Германија) 1:33:53,374 часа

Луис Хамилтон (Мерцедес/В. Британија) +6,660 сек.

Валтери Ботас (Мерцедес/Финска) +20,397 сек.

Кими Раиконен (Ферари/Финска) +22,475 сек.

Даниел Рикардо (Ред Бул/Австралија) +39,346 сек.

Фелипе Маса (Вилијамс/Бразил) +54,326 сек.

Серхио Перез (Форс Индија/Мексико) +62,606 сек.

Роман Грожан (Хас/Франција) +74,865 сек.

Нико Хулкенберг (Рено/Германија) +80,188 сек.

Естебан Окон (Форс Индија/Франција) +95,711 сек.

Пласман кај возачи во 2017 година

Себастијан Фетел (Германија) 68 бода

Луис Хамилтон (В. Британија) 61

Валтери Ботас (Финска) 38

Кими Раиконен (Финска) 34

Макс Ферстапен (Холандија) 25

Даниел Рикардо (Австралија) 22

Фелипе Маса (Бразил) 16

Серхио Перез (Мексико) 14

Карлос Сајнц Јр. (Шпанија) 10

Роман Грожан (Франција) 4, итн.

Пласман кај конструктори во 2017 година

Ферари 102 бода

Мерцедес 99

Ред Бул 47

Форс Индија 17

Вилијамс 16

Торо Росо 12

Хас 8

Рено 2

Заубер 0

Мекларен 0

ГН на Бахреин Луис Хамилтон Мерцедес Себастијан Фетел Ферари Формула 1
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.