Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Формула 1: Раиконен ја одложи шампионската промоција на Хамилтон

0
By Нова ТВ on October 21, 2018 СПОРТ
Фото: formula1.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 21, 2018 23:38

Означен беше како ден во кој Луис Хамилтон може да ја прослави петтата титула во Формула 1 шампионатот во кариерата. Но, славеник на крајот беше Кими Раиконен кој ја прекина неверојатно долгата низа без победа од 112 трки.

Пилот на Ферари, кој последната Ф1 победа до овој викенд, ја забележа во Австралија во 2013 година, по 2.044 дена повторно беше причина за интонирање на финската химна. Овојпат на патеката во Остин за ГН на САД. Раиконен ја збриша конкуренцијата со време 1:34:18,643 часа, второто место го освои Макс Ферстапен (+1.281 сек.), трет беше Луис Хамилтон (+2.342 сек.) кој за шампионска промоција ќе мора да почека барем до ГН на Мексико.

„Конечно“, воскликна Раиконен по успехот во САД.

За него ова е 21 победа во кариерата и со своите 39 години стана највозрасен победник во Ф1 трка по Најџел Менсел во 1994 година.

На Хамилтон за заверка на шампионската титула му требаше да освои осум бода повеќе од Фетел, но заврши со плус три во однос на Германецот кој во САД беше четвртопласиран. На три трки до крај на сезоната (Мексико, Бразил и Абу Даби), Британецот е лидер во генералниот пласман со 346 бода, Фетел е втор со 276 бода. Со оглед дека разликата меѓу двајцата пилоти е 70 бода, а во игра се максимални 75, би било вистинска сензација доколку возачот на Мекларен ја прокоцка предноста и не успее да ја претвори во нова шампионска радост.

Резултати од трката за ГН на САД

Кими Раиконен (Финска/Мекларен) 1:34:18,643 часа

Макс Ферстапен (Холандија/Ред Бул) +1.281 сек.

Луис Хамилтон (В. Британија/Мерцедес) +2.342 сек.

Себастијан Фетел (Германија/Ферари) +18.222 сек.

Валтери Ботас (Финска/Мерцедес) +24.744 сек.

Нико Хулкенберг (Германија/Рено) +87.210 сек.

Карлос Сајнц (Шпанија/Рено) +94.994 сек.

Есетбан Окон (Франција/Форс Индија Мерцедес) +99.288 сек.

Кевин Магнусен (Данска/Хас Ферари) +100.657 сек.

Серхио Перез (Мексико/Форс Индија Мерцедес) +101.080 сек., итн.

Генерален пласман кај возачи

Луис Хамилтон 346 бода

Себастијан Фетел 276

Кими Раиконен 221

Валтери Ботас 217

Макс Ферстапен 191

Даниел Рикардо 146

Нико Хулкенберг 61

Кевин Магнусен 55

Серхио Перез 54

Естебан Окон 53, итн.

Генерален пласман кај конструктори

Мерцедес 563 бода

Ферари 497

Ред Бул 337

Рено 106

Хас Ферари 86

Мекларен Рено 58

Форс Индија Мерцедес 48

Скудерија Торо Росо Хонда 30

Заубер Ферари 27

Вилијамс Мерцедес 7.

ГН на САД Кими Раиконен Луис Хамилтон Формула 1
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 20, 2026Updated:July 20, 2026

Привдена директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани и двајца нејзини соработници

ВЕСТИ July 20, 2026

Приведена е директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани, како и уште двајца нејзини…

Њу Џерси: Аргентина – Шпанија 0 : 1 – Шпанија светски првак во фудбал

July 20, 2026

Иран се повлече од договорот со САД

July 19, 2026

Кочани: 47-ми Марш на Ангелите – одговорните не ги заштитиле младите животи

July 18, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.