Published: Sunday, November 22, 2015 10:32
По инструкциите на Центарот за кризи во Брисел вчера вечер беа затворени сите ресторани и барови, а беа откажани и сите јавни собири. Малкумина беа на улиците во обид да покажат дека слободата не потклекнува пред теророт

На плоштадите синоќа можеа да се забележат ретки минувачи, откако беше донесена одлука нивото на опасност да се зголеми до максимум (4 од можни 4 степени) поради информациите дека постои можност за атентат сличен на оној во Париз.

Празни останаа рестораните во сабота навечер во срцето на Брисел.

Секаде по улиците може да се забележат воени возила.


Премиерот Шарл Мишел по состанокот на државниот Совет за безбедност побара од граѓаните да бидат претпазливи но да не прават паника и да не шират шпекулации.
.jpg)




