Стотици демонстранти излегоа на улиците на главниот град на Парагвај, Асунсион во знак на протест поради тоа што Сенатот на тајно гласање изгласа уставен амандман со кој му се овозможува на претседателот Хорасио Катес да се кандидира за втор претседателски мандат.
Демонстрантите ја запалија зградата на Конгресот, а како што јавуваат локалните медиуми има и повредени. Полицијата користела солзавец и гумени куршуми.