Група урбани уметници на свој начин одлучија да протестоираат против загадувањето.
-Овие луѓе се меѓу нас… Секој од нив е пример за чувството кое секојдневно го имаме кога ги отвараме очите. Ако Гоце Делчев го разбираше светот како поле за културен натпревар, каков би бил неговиот став денес? Или и тој со својот револуционерен дух би се борел против оваа догма на колективно самоубиство? Сите сакаме и мораме да дишеме! А за тоа ни е потребен воздух! Креваме глас против смогот!, е нивната порака.
Дел од нивните пораки тие ги пренесуваат преку историски ликови и нивните познати изјави.