Петнаесет загинати во метрото во Брисел, 45 ранети, од кои 10 тешко е засега бројката на жртвите од нападите во Брисел. Претходно, белгиското Обвинителство потврди дека 13 лица загинале во експлозијата на аеродромот во Брисел а 35 се ранети. Притоа се нагласува дека билансот не е конечен.
Белгиското обвинителство потврди дека експлозиите кои се случија утринава на бриселскиот аеродром и на две метро станици Малбек и Шуман кои се наоѓаат на неколку метри од европските институции се терористички самоубиствени напади.
Властите одлучија да го кренат нивото на тревога на највисокото 4то ниво а во тек е сесија на Советот за безбедност. Белгискиот премиер повика на солидарност и побара да не се крева паника.
На социјалните мрежи под хаштагот #Brussels #Brussels metro постојано се постираат фотографии и видеа од ужасот што зад себе го оставија нападите.














