Дирекцијата за заштита и спасување информира дека Ер тракторот полета за гасење на пожарот во беровско.
„По појавата на пожар на месноста помеѓу селата Митрашинци и Будинарци во Беровско во која е зафатена голема површина со дабова и нискостеблеста шума Дирекцијата за заштита и спасување се активира со 5 тима за гасење на пожари со вкупно 36 лица и 8 возила“, велат од ДЗС.
Од ДЗС велат дека и вториот ер-трактор е поправен во Португалија, и се чека да биде донесен во земјава.
Во гаснење на пожарот од рано утринава вклучен е и хеликоптер на МВР. (Р.Н.)