Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Фото и Видео) УХМР „на готовс“ – со три авиони викендов ќе ги разбива опасните градоносни облаци

0
By НОВА ТВ Balaban on May 27, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Создавањето на градоносните облаци обично е на височина од 3.000 до 5.000 метри, а пилотите избираат дали облакот ќе го засејат одоздола, бочно или одозгора и колку ке се доближат до него, бидејќи се работи за кумулонимбус или облак кој во себе содржи голема енергија, додава Тодоровски.

Под влијание на влажна и нестабилна маса денеска попладне и за време на викендот времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. В недела дневната температура ќе се намали за неколку степени, прогнозираат синоптичарите од УХМР.

Со авионско засејување против градоносните облаци 

За тоа како ќе се заштитиме од опасните врнежи од град кои во Хрватска и Србија деновиве предизвикаа големи штети на насадите, а настрадаа и пластеници, покриви на куќи и на автомобили, односно  со колку авиони и со каква опрема УХМР ќе ги разбива градоносните  облаци, од оваа институција за НоваТВ објаснуваат:

– Активната заштита од град во РС Македонија со противградобијни ракети е укината во 2011 година, по повеќедецениско постоење. Во 2020 година како пилот проект е воведена заштита преку авионско засејување на градоносните облаци со реагенс на база на сребројодит односно истиот реагенс кој се користел и во ракетите, а сега е концентриран во палки кои ги носат авионите кои ги засејуваат облаците и истите кога ќе се запалат го испуштаат реагенсот. Овој вид на заштита е направен и 2021 година, а негово спроведување е во тек и оваа година, вели директорорт на УХМР, м-р Ивица Тодоровски. 

Тој ја појаснува методологијата на заштита:

– Кога радарските центри на УХМР во Тополчани и Ѓуриште ќе  детектираат создавање на градоносен облак се јавуваат кај економскиот оператор со авионите и му даваат азимут и висина на облакот, како и количина на реагенс со која треба да се засее. Создавањето на градоносните облаци обично е на висина од 3.000 до 5.000 метри, а пилотите избираат дали облакот ќе го засејат одоздола, бочно или одозгора и колку ке се доближат до него, бидејќи се работи за кумулонимбус или облак кој во себе содржи голема енергија, додава Тодоровски.

Еден час порано може да се предвидат насоки на движење на облаците и количината на вода

Во светот успешноста на противградобијната заштита е околу 60 отсто.
– Кај нас во изминатите години тој процент достигна до 80 отсто. Сакам да напоменам дека никаде во светот не постои 100 отсто заштита од град. Ние оваа година имаме на располагање 3 авиони и доволно реагенс за да ја завршиме сезоната, нагласува директорот на УХМР.
Во врска со тоа знаат ли синоптичарите уште сега, неколку часа или еден ден порано детали за невремето – каде ќе удри град, а каде можеби ќе има „водна бомба“, од УХМР велат:
– Што се однесува на временската прогноза, таа во поглед на основните метеоролошки параметри е прецизна до 5 дена, но во лето, кога имаме создавање на нестабилни воздушни маси е тешко да се предвиди местото на нивното појавување (освен дека во одреден регион има услови за такво нешто) и тие се детектират преку радарите како системи за брзо предупредување кои можат до еден час да предвидат насоки на движење на тие облаци и количината на вода која ја носат со себе, појаснува Тодоровски.
Бошко Цветковски. градоначалник на Општина Лозово, којашто завчера беше погодена од мини-торнадо, за НоваТВ изјави:

– Има оштетувања на имот, на магацински простор, од мини-торнадото, односно ветришка, какошто го нарекоа силниот ветер, а падна и дрво врз семејна куќа, а веќе има барање за санација на покривот.Излеговме на терен за да видиме каква штета е направена од силниот ветер, којшто го изблокира и патот со градежен шут. Инаку, невремето се случи за само 15 минути и мислам дека тоа никој не би можел да го предвиди, вели Цветковски.

На прашањето има ли податок колку земјоделци во Лозово ги осигуруваат насадите од елементарни непогоди, тој изјави:

– Незнам, тоа е индивидуално  право на секој земјоделец, но факт е дека години наназад пред жетва се случува да падне град и да направи  сериозна штета на насадите. Поголемиот дел, за жал, од ситните земјоделци не ги осигуруваат насадите, додека покрупните најчесто ги осигуруваат, додава Цветковски.

Љубица Балабан

 

 

град Ивица Тодоровски невреме УХМР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.