Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ФОТО) Сан Педро – озлогласен затвор во Боливија, управуван од затвореници

0
By Marija Todorovska on May 28, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 28, 2024 11:45

Сместен меѓу Андите во Ла Паз, главниот град на Боливија, Сан Педро е самоуправен затвор каде што затворениците управуваат со сè. Дом на речиси 3.000 затвореници – и покрај тоа што е дизајниран да собере 600. Полицијата го чува периметарот и внимава на немири, но тоа е тоа!

Затворениците мора да ги купуваат или изнајмуваат своите ќелии од други затвореници, со пари заработени од работа во затворот, па дури и можат да платат за нивните семејства да живеат со нив. Сан Педро е стратификуван од поевтини, поопасни области до повисоки, блиску затворени заедници со приватни бањи и кабловска телевизија.

Во 2016 година, италијанскиот документарен фотограф Андреа Каруба успеа да добие дозвола да известува внатре во затворот.

„Полека, затворениците почнаа да ме познаваат и да ми веруваат. Сфатив дека можам сам да одам наоколу и да запознавам други луѓе, да ги посетам во нивните ќелии, да јадам со нив, да свирам на гитара и да разговарам со нив. Со некои од нив особено се зближив. Во двата месеци што ги поминав во Ла Паз, речиси исклучиво имав пријатели во затворот – речиси никого не сретнав надвор. Постоеше ригиден пирамиден систем, каде што на врвот беше Виктор Иго Мендоза, затвореник на чело на советот на делегати, кој командуваше како крал во затворот. Изнудувањето, заканите и тепањето беа вообичаени. За зачувувањето на редот беше задолжена група мажи под наредба на Мендоза, неговата лична војска наречена „Дисциплина“. Сите затвореници мораа да плаќаат кирија на ќелиите и членарина“, вели Каруба.

Идејата за Сан Педро влезе настана во 2003 година, со објавувањето на култниот класик Marching Powder на австралискиот автор Расти Јанг, нефикционална приказна за времето на британско-танзаниецот Томас Мекфејден кој бил „задолжен“ во Сан Педро за шверц на кокаин. До 2009 година, туристите можеа да ги поткупуваат чуварите и да одат на обиколки со водич во затворот.

„За да имаат пари, затворениците можеле да ги донесат во посета пријателите и роднините или да работат во затворот, кој бил организиран како мал град со минимаркети, ресторани, столарска продавница, фризер итн. Неделните смени бараа затворениците да ги чистат заедничките и надзорните површини. Посетите беа платени, како и можноста за сопругите на затворениците и нивните деца да живеат заедно како семејство. Оние кои не можеа да си дозволат ништо подобро живееја на маргините“, вели Каруба.

Дрогата беше неконтролирана во затворот – особено тревата и „пастата на база на кокаин“, вели Каруба. Превентивниот систем на притвор практикуван во Сан Педро, каде што потенцијално невините луѓе беа затворени со месеци или дури со години пред судењето, беше уште еден голем недостаток.

Но, за Каруба, еден од најпредизвикувачките аспекти на затворот беше гледањето деца оставени сами со часови во текот на денот и ноќта „од отсутни родители или од оние кои се под дејство на дрога“.

Децата понекогаш беа жртви на злоупотреба, вели тој, „и покрај посветеноста на волонтерите и психолозите кои беа со нив секој ден и кои се обидуваа да ги заштитат што е можно повеќе“.

Сан Педро претставува „добра идеја, со која се работи и управува ужасно“, тврди Каруба.

„Давање поголема слобода на затворениците, давајќи им можност да работат за да заработат плата или дозволувајќи им на семејствата да не се разделат во случај на апсење на еден од родителите, се секако позитивни аспекти што треба да се охрабрат во секој затвор. Поаѓајќи од претпоставката дека затворот не е одмазда на општеството над криминалецот, туку процес на превоспитување насочен кон реинтеграција во општеството, затворањето на затвореник 23 часа на ден нема никаква едукативна вредност, пишува Ник Томсон на Vice.

Во прилог фотографии на Андреа Каруба од затворот Сан Педро:

Двор со статуа на Свети Мартин и бунар.
ТАРА СЕ ЗГРИЖИ СВОЈАТА НОВОРОДЕНА СЕСТРА. ТАРА Е ЌЕРКА НА МАРСЕЛО КОЈ Е ЗАТВОРЕН ЗА ПРОДАВАЊЕ КОКАИН,
Консумирањето на дрога во затворот е насекаде

ЛУЃЕ ИГРААТ БИЛИЈАРД ВО ДЕЛОТ САН МАРТИН.
ЖОЗЕ, КОЈ Е ОСУДЕН НА 15 ГОДИНИ, ВО ЗАТВОР ГО ИМА ЕДЕН ОД НАЈПОСЕТУВАНИТЕ РЕСТОРАНИ.
„ЧОВЕК-ТАКСИ“ ТОА СЕ ЗАТВОРЕНИЦИ КОИ ВО ЗАМЕНА ЗА ПАРИ ГИ ПРИДРУЖУВААТ РОДНИНИТЕ ДО ЌЕЛТИИТЕ НА НИВНИТЕ БЛИСКИ, ИЛИ ЌЕ ТРЧАТ ИЗВИКУВАЈЌИ ГО НИВНОТО ИМЕ.
ОГРАНИЧЕН ПРИСТАП ЗА ГЛЕДАЊЕ ТЕЛЕВИЗИЈА ВО СЕКТОРОТ ПАЛМАР.
ЗАТВОРЕНИЦИ ГЛЕДААТ ТЕЛЕВИЗИЈА ВО ЗАЕДНИЧКА КЕЛИЈА

Подготви: Ј. Ѓ. / Фронтлајн

затвор Сан Педро
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.