Поранешната светска тенисерка број еден и сопственичка на пет гренд слем титули, Марија Шарапова (35) за првпат стана мајка и на свет го донесе синот Теодор.

„Најубавиот, најпредизвикувачкиот и најголем подарок што нашето семејство можеше да го побара“, објави Шарапова на Инстаграм, крај фотографијата со синот и свршеникот, британскиот бизнисмен, Александер Гилкес, со кого е во врска од 2018 година.

Русинката се породила на 1 јули и веќе две недели ја криела веста од јавноста.