Пред амасадата на Република Србија во резиденцијалната скопска населба Водно е мирно и со минимално полициско обезбедување. Екипата на НОВАТВ забележа двајца полицајци, неколку припадници на единицата „Алфи“ и уште еден паркиран полициски автомобил.
Според тврдењето на амбасадорката Душанка Дивљак, вчера вечер целиот персонал од Амбасадата на Србија во Скопје беше повлечен, , итни консултации во Белград. Официјалните причини ќе бидат објавени денеска, како што најави официјален Белград.
Денеска утрово се одржаа и консултативни средби помеѓу премиерката на Србија Ана Барнабиќ, министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ и претседателот на Србија Александар Вучиќ. Денеска средба се одржа и помеѓу Вучиќ и рускиот амасадор во Србија Чепурин Александар Васиљевич.
Поврзана архива: