Милиони Американци со заштитни очила, телескопи и други слични направи имаа можност да го проследат целосното затемнување на Сонцето по дури 99 години.
Тие беа сведоци на астрономскиот феномен, односно 2 минути во кои Месечината се наоѓаше директно пред Сонцето, предизвикувајќи речиси целосна темнина и нагло намалување на температурата.
Овој природен феномен е важен за научниците бидејќи станува збор за момент кога можат да го проучуваат горниот дел на атмосферата на Сонцето, кој е обично невидлив.
Се случува кога Сонцето фрла Месечева сенка на површината на планетата Земја, што може да се случи само кога Месечината се наоѓа помеѓу Земјата и Сонцето.
Земјата, Месечината и Сонцето се наоѓаат во совршена линија еднаш во една до три години, но тоа најчесто се случува над половите или над Пацификот, па мал број луѓе може да го види затемнувањето во живо.




