Тенискиот ас Новак Ѓоковиќ се фотографираше со семејството и со освоениот победнички пехар на Вимблдон. Прочуената тениска арена беше веќе испразнета од гости, така што Ѓоковиќ, сопругата Јелена и нивните син и ќерка можеа во мир да го овековечат големиот успех.