Published: Thursday, January 28, 2016 11:52
Дипломатскиот ручек помеѓу Франција и Иран е откажан откако домаќините одбија да го тргнат виното од менито. Иранскиот претседател Хасан Рухани требаше да руча со францускиот претседател Франсоа Оланд како дел од турнејата низ Европа на Иран – но преговорите „пукнале“ откако не бил постигнат договор околу ручекот. Ирачаните барале халал месо и оброк без алкохол. Французите инсистирале да служат традиционална локална храна и вино велејќи дека барањата на Иран биле против републиканските вредности.
Претходно, во Италија, Рухани беше дочекан со оброк без алкохол, а Италијанците дури ги покрија и голите статути. Иранскиот претседател изјави дека тој не барал да ги покриваат статуите, туку домаќините сами сакале да покажат гест на гостопримство.




