Заложничката криза на северот на Франција вчеравечер, која нема никаква врска со терористичките напади во Париз, заврши со ослободување на сите тројца заложници.
Како што соопшти тамошниот јавен обвинител во инцидентот во градот Рубе, на самата граница со Белгија, еден напаѓач е убиен, еден е уапсен, а по останатите се трага. Наводно, првичниот план на напаѓаќите бил да киднапираат директорот на локалниот огранок на една банка и да го принудат да им го отвори сефот. Но тој побегнал, па напаѓачите влегле во неговиот дом и ги држеа како залоѓници неговата сопруга, ќерка и 11 месечно бебе.
Обвинителот притоа потенцира дека се работи за исклучиво криминална операција што не е поврзана со тероризам.
Инаку, во Франција и натаму на сила е вонредната состојба по терористичките напади од 13 ноември, во кои беа убиени 130 луѓе.




