Дописничката на францускиот неделник Обс (поранешен Нувел Обсерватер) Урсула Готие доби прогон од Кина каде што работеше шест години и на 31 декември ја напушти земјата. Причината е текст кој не им се допаднал на кинеските власти.
Кина одлучи да не и ја продолжи визата за престој и ја обвини дека «флагрантно ги бранела терористичките акти» со што го предизвикала гневот на кинескиот народ.
Кина од неа побара да се извини и откако Готие одби тоа да го стори мораше да ја напушти земјата. Ова е прв пат еден новинар да биде прогонет во Кина во последните години.
Во текстот под наслов «По атентатите солидарноста на Кина има задни мисли». Текстот е објавен по атентатите во Париз кога светот изразуваше солидарност со Франција.
Во текстот се опишани репресивните мерки на антитерористичката политика на Кина во регион населен со муслиманското туркофонско малцинство Ујгур. Тие се жалат на верска, културна и етничка дискриминација на кинески власти кон нив.
По текстот провладините медиуми организираа вистинска кампања на омраза против новинарката.
Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, запрашан дали новинарката ќе може да се врати во Кина, тој изјавил дека тоа зависи само од неа.
Кинеските власти бараат од неа извинување за споменатиот текст. Коментарот на Готие е дека со задоволство би се вратила во Кина но нема намера да се извинува за текст кој открива што се случува зад антитерористичката политика на Кина.




