Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Француската критика аплаудира на Гоце Смилевски

0
By Нова ТВ on October 14, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 14, 2013 10:07

Информирајќи ја француската јавност за објавувањето нa романот „Сестрата на Зигмунд Фројд” од Гоце Смилевски во издание на „Белфон” од Париз, новинската агенција АФП истакнува дека станува збор за „фасцинантен роман”.

Делото на Смилевски е „возбудлив роман за жените заборавени од историјата, ламент за смислата на животот, разумот и лудилото”, се вели во информацијата на АФП, која потсетува дека книгата е преведена на преку триесет јазици во светот.

Романот „Сестрата на Зигмунд Фројд” неодамна се појави на француски јазик во превод на Харита Вибрандс и Артур Вибрандс. Делото веќе доживеа промоција во Париз, како и на Саемот на книгата во Нанси.

“Сестрата на Зигмунд Фројд” со високи оценки го слави критиката, претставувајќи и ја на француската читачка публика. Франсоа Леставел во „Пари Мач” подвлекува дека Гоце Смилевски е „сензибилен и храбар романсiер” кој „не води во вибрантниот интелектуален и уметнички живот на Виена пред војната”. Во прилогот на „Пари Мач” се додава: „Гоце Смилевски има дарба да ги осветли големите идеи кои го потресуваат светот, додека нив ги преживуваат ликови од крв и месо”.

Критичарката Астрид де Ларминат во престижниот париски дневен весник „Фигаро” го потенцира „убавиот хуманистички дух на делото” напишано од „романсиер кој црпи од сите дисциплини за да ја разоткрие мистеријата на човекот и неговото опстојување”.

Од бројните критички рецензии, во „Медиапарт” во кој критичарката Домоник Конил пишува дека во „Сестрата на Зигмунд Фројд” Гоце Смилевски „ја портретира разбрануваната Европа на револуционерни знаења и идеи пред налетот на фашизмот” при што тој „ги истражува границите на премолченото во семејствата, отфрленоста, социјалната пресија, нервозата и лудилото, суровоста на историјата, настанокот на психоанализата и на современата психијатрија”.

За романот „Сестрата на Зигмунд Фројд” Гоце Смилевски во 2010 година ја доби Наградата за литература на Европската унија, а минатата година Наградата за медитеранска култура.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.