Published: Monday, November 16, 2015 10:34
Француските сили изведоа воздушни напади врз позиции на милитантите на Исламската држава во градот Рака во Сирија.
Борбените авиони фрлиле 20 бомби во Рака, уништувајќи арсенал за оружје и центар за обука на милитантите.
Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус, говорејќи на самитот на Г20 во Турција, изјави дека Франција дејствувала во самоодбрана.
Авионите полетале од Јордан, а акцијата била изведена во координација со американските сили.
Одмаздата на Франција доаѓа по неодамнешните терористички напади во Париз во кои загинаа околу 130 луѓе, додека над 350 беа ранети, а одговорноста ја презедоа терористите на Исламска држава.




