Published: Thursday, November 19, 2015 13:45
Француското обвинителство штотуку потврди дека е “формално идентификувано” телото на терористот Абделхамид Абауд. Станува збор за човекот кој беше обвинет дека е “мозокот“ позади терористичките напади во Париз.
Тој бил убиен вчера за време на акцијата на француската полиција во парискиот кварт Сен Дени.
Обвинтелството одбиваше да ја потврди смртта на Абауд се додека не биде стопроценто сигурна дека ги има сите податоци од идентификацијата на телото.
Според потврдата на обвинителот Франсоа Молин, тој бил убиен во станот во кој за време на престрелката со француските специјални сили, се само разнесе со бомба, жена која Абуд сакал да ја регрутира за да им се придружи во џихадистичката организација Исламска држава (ИСИС).




