Францускиот државен обвинител за Париз Франсоа Молен изјави денеска дека петмината осомничени уапсени минатиот викенд во Франција под сомнение дека планирале напади во и околу Париз, биле наведувани од тоа од екстремисти на исламската држава во Ирак и Сирија.
– Добро обучените екстремисти од Стразбур и еден маж од Марсеј добиле инструкции да набават оружје. Инстуркциите по пат на шифрирани апликации им ги давал командант од ирачко-сирискиот регион, изјави Молен на прес конфренција.
Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев на почетокот на неделава соопшти дека француските власти осуетиле терористички напад и уапсиле 7 луѓе.
Казнев рече дека седуммината се со француско, мароканско и авганистанско потекло на возраст од 29 до 37 години и се уапсени по дојава на една странска влада.
Тој предупреди дека размерот на терористичката закана е огромен и дека не е возможно да се отстрани рисикот и покрај тоа што се преземаат сите мерки. Министерот не посочи што била мета на планираниот напад.
Градоначалникот на Стразбур сепак истакна дека се чини дека градот не бил мета, туку регионот на Париз.
Во Франција на сила е вонредна состојба, по терористичките напади на исламската држава минатата година во Париз.




