Published: Sunday, April 23, 2017 13:59
Во една избирачко место во Бесансон во Франција, гласањето на денешните претседателски избори било провремено суспендирано откако возач со автомобил се обидел да влета во избирачкото место.
Возилото веднаш било запрено а безбедносните сили го провериле возилото за присуство на експлозиви.
Во Франција повеќе од 66.000 избирачки места утрово се отворија.
До гласачките места имаат пристап близу 45 милиони гласачи, регистрирани во списоците за првиот круг на гласање.
Се очекува прелиминарните резултати да бидат објавени непосредно пред полноќ.




