Поранешниот француски претседател Никола Саркози го призна поразот на вчерашниот прв круг од вантрешартиските избори за претседателски кандидат н републиканците и порача дека во вториот круг ќе го поддржи бившиот премиер Франсоа Фијон.
Според резултатите, Фијон освоил 43,9 проценти, Ален Жипе 27,9 и Саркози 21, 4 проценти од гласовите, покажуваат прелиминарните резултати од околу 11 проценти од преброените гласови.
Како што објави Ројтерс, Саркози, покрај Фијон и Жипе беше еден од фаворититите за номинација на конзервативната партија Републиканци на првиот круг на внатрепартиските избори за кандидат на претседателските избори.
Во вториот круг следната недела ќе се одлучува меѓу двајца кандидати.
Агенцијата АП објави дека Републиканците во одлучувачкиот круг од претседателските избори кои ќе се одржат на 23 април и 7 мај следната година, ќе се соочат со кандидатот на крајната десница Националниот фронт на Марин ле Пен.




