Published: Saturday, August 6, 2016 07:45
Експлозија и последователни пожари беснееја во еден бар во северниот дел на Франција во саботата, оставајќи 13 лица загинати, а неколку други се повредени, соопштија властите, јавува Си-Ен-Ен.
Првичните информации укажуваат дека експлозијата во Руан, Нормандија, е случајна, според полицискиот Департмент во Руан.
По инцидентот, главната улица беше блокирана и периметар на безбедност поставен е низ Ле Куба Либре Бар, изјавија очевидци. Пожарникарски коли и неколку полициски возила пристигнаа околу барот на авенијата Жак Картие.
Локалните медиуми објавија дека во бар се славел роденден во тоа време, а жртвите биле на возраст помеѓу 18 и 25 години.
Франција е во состојба на готовност по серијата смртоносни терористички напади. Пред околу две недели, двајца џихадистички напаѓачи убија свештеник во Руан.
За време на прославата на Денот на Бастилја на 14 јули, човек кој вети верност кон ИСИС помина низ толпата собрана за да го гледа огнометот во Ница, при што загинаа најмалку 85 луѓе




