Published: Tuesday, June 4, 2019 16:41
Во борбата против расфрлањето, Франција ќе го забрани уништувањето на не продадената облека, електричните апарати и хигиенските производи рече премиерот Едуард Филип.
Како што пренесува дописникот на МИА, уништувањето на непродадените предмети (облека, апарати за домаќинство, хигиена или производи за убавина), симболи на расфрлање, ќе биде забрането во рок од две до четири години во Франција.
Оваа мерка, која е прва во светот, треба да ги натера компаниите овие непродадени производи да ги рециклираат или да им ги подарат на хуманитарни организации или на оние кои имаат потреба, од крајот на 2021 или до крајот на 2023 година.
Според француската Влада, во Франција се фрлаат и уништуваат во отпад нови и непродадени производи во вредност од повеќе од 600 милиони евра.
Франција веќе има закон со кој се забранува уништување на непродадените прехранбени производи.




