Франција стана првата земја во светот која забрани употреба на пластични чаши и чинии за една употреба.
Според новиот закон, ќе може да се употребува само ваков прибор за јадење ќе биде направен од 50 проценти биоразградлив материјал. Овој закон ќе ваќи до јануари 202о година, по што следува нова одредба, дека процентот на материјалот кој нема да и штети на животната средина во ваквиот прибор ќе мора да биде застапен со 60 процети. Оваа одредба ќе важи до Јануари 2025 година.
Според Француската асоцијација за здравје и околина околу 150 вакви пластични чаши се фрлаат секоја секунда во земјата, или 4,73 милијарди годишно. Само еден процент од нив се рециклираат.
Оваа мерка е дополнување на законот за енергетска транзиција за заштита на природата, усвоен минатата година за да се намали влијанието на климатските промени.




