Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Француски „Репортер“: Преспа e рај на дива природа во срцето на Балканот

0
By Нова ТВ on July 21, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Речиси 50 години, Преспанските езера беа отсечени од светот во корист на дивата природа. Денес, оваа погранична област меѓу Северна Македонија, Албанија и Грција се надева на екотуризмот за спречување на силната емиграција на нејзините жители, пишува во опширната репортажа францускиот портал „Репортер“, посветен на екологијата.

Авторот Луј Сејер уште на почетокот на репортажата ги водедува своите читатели во „рајот“ наречен Преспа, регион кој скоро цели педесет години поради железната завеса ги подели луѓето, но геополитиката беше во полза на природата.

Преспа, со своите езера вгнездени на 850 метри надморска височина е „жариште на биолошката разновидност“. Разновидни живеалишта кои нудат импресивна фауна и флора – 1,500 видови растенија, 270 видови птици, 9 видови ендемични риби, присуство на сите големи европски месојади, итн.

„Преспа е едно од најважните мочуришта во Европа. Како што ги делиме овие езера меѓу нашите три земји, важно е да работиме заедно за да постигнеме вистински резултати во заштитата на природата“, вели Даниела Заец од Македонското еколошко здружение.

Островите, паднати како карпа од небото во средината на езерото, летовите на пеликаните и коромораните кои скоро ве допираат, рибите, змиите, смоквите, старите преспански езера се денес зелен појас на европскиот континент.

„Преспа Нет“ ги поврзува македонските, грчките и албанските еколошки здруженија. За да ги извршуваат своите проекти, тие првенствено се потпираат на локалното население, чии услови за живеење честопати биле тешки. Дури и денес, повеќето млади луѓе го напуштаат регионот поради недостаток на перспективи.

Репортерот го опишува селото Брајчино, преку Борис кој ја побара својата среќа, како и многумина, преку другата страна од океанот, а денес во својата старост ужива во чистиот воздух на Преспа.

„Животот полека се враќа во Преспа. Куќите се обновуваат, се развива еколошкиот туризам. Странските туристи доаѓаат да вкусат мед и локалната ракија. Македонците се учат од примерот од нивните соседи од Грција кои се понапред во туризмот“, вели Борис.

Но, за да се мине на другата страна од границата, треба да се направи заобиколување од 130 километри. По Брајчино, патот завршува. Затворен е со бариера и знак за застанување: малиот граничен премиен не е во функција веќе 50 години, по воениот удар во Грција. Една темна страница за регионот, наскоро ќе биде свртена. Благодарение на договорот од Преспа за името на земјата да стане Северна Македонија, склучен во 2018 година помеѓу грчката и македонската влада, патот треба повторно да биде отворен, забележува „Репортер“.

Од една граница до друга, посетителот, исто така, може да направи скокови во времето, меѓу индустриските култури на грчката страна и егзистенцијалното земјоделство на албанската страна. Јазиците се разликуваат, како и начините на живеење. Во овие граници на Европа, каде што судбината на народите често се играше на друго место на континентот, културите се мешаат. Македонците, Грците и Албанците живеат, се разбира, околу езерото, но и Ромите, Власите или другите малцинства.

„Репортер“ го дава примерот на Цвета Трајче од македонско малцинство што живее во селата долж албанските брегови. Таму, потрошувачкото општество изгледа далечно, а работата на земја е тешка. На ридовите, старите жени со шарени марами се наведнати на малите парцели со чај или житни култури.

„Тука сè е домашно. Семејствата произведуваат она што јадат, леб, млеко, зеленчук, мед, вино, но не можат да ги продадат. Важно е да се даде жечба на младите да останат, без разлика дали имаат идеи за тоа како и каде да инвестираат“, вели Трајче, која штотуку завршила курс за обука за природни водичи што бил финансиран од германската држава.

Додека овој дел од Преспа сега се отвора за туризам, една од целите на невладините организации е да се направат овие природни производи достапни и да се подобрат слабите приходи на жителите.

„Репортер““ Преспа репортажа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.