Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Францускиот кандидат за еврокомесар Тиери Бретон го помина првиот испит пред европратениците

0
By Нова ТВ on November 12, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 12, 2019 18:08

Европратениците со гласање одлучија дека профилот на францускиот кандидат за член во Европската комисија не претставува ризик од конфликт на интереси, јави дописникот на МИА.

Францускиот кандидат во ЕК, Тиери Бретон го помина првиот тест пред европратениците, кои со гласање и само еден глас повеќе, одлучија дека тој нема конфликт на интереси. Комисијата за правни работи (Јури), надлежна да ја испита изјавата за интереси на поранешниот француски министер за економија, кој потоа беше извршен директор на групата за информатички Атос 11 години – одлучи дека не се потребни дополнителни прашања или понатамошно сослушување. Резултатот на тајното гласање беше 12 гласови „за“ и 11 „против“.

Французинот, кои исто така ги предводеше „Томсон“ и „Франс Телеком“, мора по ова зелено светло да го помине сослушувањето в четврток попладне пред Европскиот парламент, кој потоа ќе одлучи да ја потврди или не неговата кандидатура.

Според извори од ЕП, Бретон, назначен од францускиот претседател Емануел Макрон беше поддржан од либералите на Обновена Европа и ЕНП – европската десница.

– Излегувам болна. Сето ова е лицемерие без име, рече од своја страна европратеничката Манон Обри (радикална левица), која се залагаше заедно со еколозите и социјалистите, да Бретон даде писмено појаснување и дополнителни информации за неговата изјава за беговиот судир на интереси.

– Го загубив првиот круг против Тиери Бретон: Европратениците ЛР и ЛРЕМ само што одлучија дека неговото претседателство со Атос не претставува никаков судир на интереси! Втор круг четврток, напиша на Твитер Жил Лебретон, крајно десничарскиот европратеник, кој исто така, се залага за дополнителни прашања.

Преземајќи иницијатива пред можни сомневања за конфликт на интереси, Бретон објави дека ги продал сите свои акции во неговата поранешна компанија „Атос“, која ја напушти на 31 октомври, како и од нејзината поранешна подружница „Ворлдлаијн“. Според документацијата достапна од Финансискиот пазар (АМФ), тој располагал со 579.705 акции на „Атос“ (40 милиони евра бруто по тековната пазарна цена) и 104.734 акции на поранешната подружница на „Ворлдлајн“ (околу 5,7 милиони евра бруто). Тој, исто така, го напушти мандатот на администратор на  „Ворлдлајн“, „Карфур“, телефонскиот оператор на Сенегал – „Сонотел“ и француската подружница на Банка на Америка.

Бретон најверојатно ќе биде првиот голем шеф на компанија кој ќе стане  комесар. Тој исто така најави дека автоматски „ќе се повлече од секоја одлука за финансиско управување, договорно или асимилирано, што би се однесувало директно на „Атос“ или на некоја од неговите филијали“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.