Published: Tuesday, December 6, 2016 09:55
Францускиот премиер Мануел Валс денеска поднесе оставка, а претседателот Франсоа Оланд за нов претседател на Владата го именуваше Бернар Казнев, досегашен министер за внатрешни работи, објавија француските медиуми.
Бернар Казнев
-Казнев е силна личност со искуство во водењето на државни работи, соопштено е од Елисејската палата.
Валс вчера објави дека ќе се кандидира на претстојните претседателски избори во Франција и дека поради тоа ќе поднесе оставка како премиер.
Казнев на оваа функција ќе биде до парламентарните избори во јуни следната година. Претседателските избори во Франција се планирани за април следната година.





