Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска се закани дека ќе забрани демонстрации во земјата, откако вчера во протестите против измените во Законот за труд се повредени 40, а 44 луѓе се приведени.
– Во време кога Франција е домаќин на Светкото фудбалско првенство, кога се соочува со тероризам, демонстрациите повеќе нема да бидат дозволени, доколку не се гарантира безбедноста на луѓето и приватниот имот, изјави портпаролот на Оланд.
Вчерашните протести во Париз се најнови во низата насилства што се случуваат на антивладините протести што започнаа во март.
Вчера дел од демонстрантите со качулки упаднале на едно градилиште и со дрвени палети фрлале кон специјалната полиција. Полицијата употреби солзавец, бидејќи некои од нив почнале да кршат излози и фрлале камења.
Властите апелираа демонстраните да се дистанцираат од насилниците за да може полицијата да се справи со нив.
Оланд ја правда мерката со преокупираноста на полицијата со безбедноста во земјата поради се поголемите насилства меѓу навивачите хулигани, како и со зголемените ризици од терористички напади за време на првенството.




