Апелациониот суд во францускиот град Колмар денеска се очекува да донесе одлука за испорачување на лидерот на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај на Србија.
Харадинај беше приведен на 4 јануари на аеродромот во Базел врз основа на потерница на Интерпол издадена по барање на Србија, поради сомневање дека во 1998 и 1999 година извршил воени злосторства.
Тој беше ослободен на 12 јануари додека се чекаше конечната одлука за екстрадиција. На Харадинај му се судеше за воени злосторства и пред Хашкиот трибунал кој во 2012 година го ослободи од сите обвинувања, но Србите тврдат дека имаат дополнителни докази против него.